Од понеделник, 23 јуни, Македонија влегува под влијание на многу топол бран што доаѓа од Африка. Целата работна недела ќе биде сончево и екстремно жешко, со слаба до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец.
Температурите значително ќе се зголемат – дневните максимални ќе достигнуваат меѓу 31 и 38°C, а во Повардарието и Скопскиот регион се очекуваат врели 40°C. Се советува претпазливост, особено кај ранливите категории на граѓани.