Русија влезе во трка со времето и историјата – започнаа клиничките тестирања на првата вакцина против рак. Лекот, наречен „Ентеромикс“, веќе влезе во првата фаза на испитувања и според официјалните податоци, покажува изненадувачки ниска токсичност. Дали ова е почеток на крајот на една од најсмртоносните болести во светот?
Главниот онколог на Министерството за здравство, д-р Андреј Каприн, соопшти дека нивниот институт прв добил дозвола за клиничко тестирање на вакцината. Првично ќе бидат вклучени 48 доброволци, но потенцијалот на терапијата е далеку поголем – се зборува за револуционерна промена во начинот на кој се третира ракoт.
Покрај „Ентеромикс“, руските научници развиваат и други видови онковакцини, меѓу кои и мРНК вакцина што се прилагодува според конкретниот пациент. Во проектот се вклучени водечки институции како „Гамалеја“, позната по ковид-вакцината Спутник, и Институтот за молекуларна биологија „Енгелхарт“.