ПРВ.мк
Сцена

Тамара и Џамбазов ја обединија македонската естрада во новата песна „Лавиринт“

Тамара и Џамбазов ја обединија македонската естрада во новата песна „Лавиринт“

Новиот музички проект на Тамара Тодевска и Игор Џамбазов – „Лавиринт“, стана вистински хит, не само поради мелодијата, туку и поради впечатливиот видеоспот во кој се појавува речиси целата македонска естрада.

Музиката и аранжманот се дело на Роберт Билбилов, а текстот го потпишува Џамбазов. Спотот е снимен низ улиците на Скопје, во режија на Зоран Зонде Стојановски, а зад камерата стоел Кристијан Теодоров.

Во видеото се појавуваат познати лица – музичари, актери, водители, модели и инфлуенсери, кои, според Тамара, со задоволство се приклучиле на идејата да се создаде заедничка музичка порака за сплотеност и културна блискост.

„Се надевам дека 'Лавиринт' ќе нè потсети колку е важно да се поддржуваме“, вели Џамбазов. Песната е достапна на сите музички платформи.

Сподели го овој напис

Најнови вести