ПРВ.мк
Спорт

ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Резервите на Борусија Дортмунд го следеа мечот од соблекувалната поради една причина

ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Резервите на Борусија Дортмунд го следеа мечот од соблекувалната поради една причина

Резервите на Борусија Дортмунд го следеа мечот од соблекувалната поради тропските горештини во Синсинати.

На Светското клупско првенство, во дуелот против Мамелоди, немаше ниту еден играч на клупата во првото полувреме поради високите температури, па тимот одлучи резервните фудбалери да го гледаат натпреварот од соблекувалната.

Дортмунд победи со 3-4, а клубот истакна дека ваквиот потег е оправдан поради екстремната жештина.

Ова дополнително ја потенцира критиката кон Светското клупско првенство, кое освен низок квалитет на учесниците, се соочува и со празни трибини.