Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам заврши во болница поради операција на зглобот, повреден пред 22 години. Неговата сопруга, Викторија Бекам, сподели две фотографии на Инстаграм, каде се гледа дека Дејвид лежи во болничка постела со прекрстена рака и насмевка на лицето. Во втората фотографија држи нараквица направена од монистра, која му ја подариле неговите деца со порака „Тато, оздрави брзо“.
Извор близок до семејството откри за „Дејли Меил“ дека Бекам бил опериран поради проблем со зглобот што го повредил во мај 2003 година за време на пријателски натпревар помеѓу Англија и Јужна Африка во Дурбан. Тогаш во зглобот му бил вметнат шраф кој требало со текот на времето да се скрши, но тоа не се случило, што предизвикало болка и непријатност низ годините.

Поради зголемените проблеми, Бекам решил да се подложи на операција за отстранување на шрафот. Иако бил хоспитализиран, тоа не го спречи да испрати трогателна честитка по повод роденденот на мајка си преку Инстаграм. Во честитката изрази голема љубов и благодарност, повикувајќи се на важноста на семејството.
Тој ја спомна и својата сопруга, синовите Бруклин, Ромео и Круз, како и сестра му Џоан, со посебен хаштаг за најмладата ќерка Харпер.