ПРВ.мк
Свет

30 милијарди долари за мир – што се крие зад тајниот нуклеарен договор меѓу САД и Иран?

30 милијарди долари за мир – што се крие зад тајниот нуклеарен договор меѓу САД и Иран?
Escape

Американската администрација, предводена од Доналд Трамп, тајно преговарала со Иран за можен договор вреден 30 милијарди долари, објави CNN повикувајќи се на четири извори блиски до процесот. Во замена за враќање на Иран на преговарачката маса, САД би разгледале делумно укинување санкции и дозволиле финансирање на цивилен нуклеарен програм — без збогатување ураниум.

На 21 јуни, еден ден пред новите американски воздушни напади врз ирански цели, во Белата куќа се одржал таен состанок. Таму биле разгледани деталите за можниот договор, во присуство на специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и претставници од заливските сојузници.

Планот предвидува иранската постројка во Фордо – која неодамна беше бомбардирана – да се трансформира во центар за мирољубива употреба, финансиран од арапски земји, без директно учество на американски средства.

Во пакетот се спомнува и можна деблокада на околу 6 милијарди долари замрзнати ирански средства. Сепак, Вашингтон останува цврст – нема збогатување ураниум.

Иако преговорите продолжуваат, иднината на договорот е неизвесна. „Сите бараат креативно решение, но никој не знае дали ќе се постигне договор“, изјави еден од изворите за CNN.

Mia Home Mavrovo