ПРВ.мк
Црна Хроника

Иран изјавува: Нападите нанесоа сериозна штета, ова се местата кои се најтешко погодени

Иран изјавува: Нападите нанесоа сериозна штета, ова се местата кои се најтешко погодени
Escape

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неодамнешните напади извршени од страна на САД и Израел предизвикале „значителна и сериозна“ штета врз клучни нуклеарни постројки во земјата. Во разговор за иранската државна телевизија, Арагчи нагласи дека во моментов се врши проценка на обемот на уништувањето од страна на иранската Агенција за атомска енергија.

Меѓутоа, само неколку часа пред неговата изјава, врховниот лидер Али Хамнеи го омаловажи влијанието на нападите, тврдејќи дека тие „не постигнале ништо суштинско“ и дека нуклеарната програма на Иран продолжува без застој. Хамнеи ја отфрли и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдел дека три ирански нуклеарни објекти биле целосно уништени.

Оваа јасна контрадикција во изјавите ги подгрева сомнежите за вистинската состојба на иранската нуклеарна инфраструктура.

Арагчи исто така потврди дека во моментов нема активни дипломатски канали со САД, иако претходно беше најавена шеста рунда преговори. Разговорите биле откажани откако Израел започна воздушни напади врз ирански цели.

Министерот посочи дека Техеран го преиспитува својот дипломатски пристап, но не откри детали за идните чекори.

Mia Home Mavrovo