ПРВ.мк
Црна Хроника

Огнен ужас: Спирала против комарци ја запали куќата, жена повредена

Огнен ужас: Спирала против комарци ја запали куќата, жена повредена
Escape

Во мирното место Горња Бистра, близу Загреб, вчера попладне избувна пожар кој целосно ја зафати семејна куќа. Причината – запалена спирала против комарци. Според информациите од загрепската полиција, станува збор за невнимателна употреба на спирала која била поставена на дрвен столб. Откако паднала, таа го зафатила мебелот, а пламенот се проширил на скалите и кровната конструкција.

Сопственикот на куќата, 57-годишен маж, се обидел да ја контролира ситуацијата, но огнот брзо се проширил. Во инцидентот, 43-годишна жена се здобила со полесни телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница „Свети Дух“, каде ѝ била укажана медицинска помош.

Пожарникарските екипи интервенирале навремено и го изгаснале пожарот, спречувајќи поголема катастрофа, но материјалната штета е значителна. Целосно е уништен дел од покуќнината, ѕидови, скали и делови од покривот.

Овој случај повторно укажува на тоа дека дури и најбаналните предмети во домаќинството, како спирали против комарци, можат да предизвикаат голема штета ако не се користат внимателно. Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат безбедносните препораки, особено при користење на огненоопасни средства во затворен или дрвен простор.

Mia Home Mavrovo