ПРВ.мк
Свет

Путин сака средба со Трамп: „Имам голема почит за него“

Путин сака средба со Трамп: „Имам голема почит за него“
Escape

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека е подготвен да се сретне со Доналд Трамп, пофалувајќи го како храбар лидер кој искрено се залага за мир и стабилност. По посетата на Белорусија, Путин изјави дека средбата е „целосно можна“ и дека Москва ќе се подготви со задоволство.

„Имам голема почит кон него. Помина низ тежок пат за да се врати во Белата куќа. Благодарение на Трамп, односите меѓу Русија и САД почнуваат да се стабилизираат“, изјави Путин, додавајќи дека веќе се воспоставени нови работни канали меѓу безбедносните служби на двете држави.

Путин го пофали ангажманот на Трамп за стабилизирање на Блискиот Исток и за неговата улога во обидите да се реши украинската криза. Истовремено, остро ги критикуваше новите санкции од ЕУ, оценувајќи дека нема да имаат значајно влијание врз Русија, бидејќи глобалната побарувачка за енергенси расте.

Тој ја обвини западната реторика за милитаризација и за „извртена“ слика на Русија како агресор. „Сè е свртено наопаку. Европа троши сè повеќе на војна, а ние планираме да ги намалиме трошоците за одбрана“, порача рускиот лидер.

Mia Home Mavrovo