Руските сили ја презедоа контролата врз литиумското наоѓалиште Шевченко во Донецк – еден од највредните минерални ресурси во Европа. Ова наоѓалиште, наречено и „бело злато“, е клучно за производство на батерии, воена опрема и модерна електроника.

Со заземањето на теренот, Москва не само што проширува воена контрола, туку добива и огромен економски потенцијал, во време кога литиумот е меѓу најбараните суровини во светот. Западните аналитичари предупредуваат: ова е чекор во пошироката стратегија на Русија да им го пресече пристапот на Украина и нејзините сојузници до критични ресурси.
Договорот меѓу Киев и Вашингтон за заедничка рударска соработка, потпишан само еден месец претходно, останува без реални безбедносни гаранции.