ПРВ.мк
Свет

Иран под лупа: Трамп подготвен за нови напади

Иран под лупа: Трамп подготвен за нови напади
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја разбуди светската тензичност со изјава дека „апсолутно“ би размислил за повторно бомбардирање на нуклеарните објекти во Иран, доколку идни разузнавачки извештаи покажат загрижувачко збогатување на ураниум, пренесува CNN.

„Секако, без сомнение, апсолутно“, одговори Трамп на прашање од новинар во Белата куќа. Тој додаде дека не верува оти Иран би можел лесно да ја обнови својата нуклеарна програма, посочувајќи на неодамнешните американски напади врз иранската инфраструктура.

Иако неговата администрација се фали со успехот на тие удари, сѐ уште нема конкретни докази или разузнавачки податоци што го поддржуваат тврдењето дека иранската програма е „уништена“.

„Иран е исцрпен. Израел е исто така исцрпен. Разговарав со нив – и обете страни сакаат ова да заврши. Последното нешто што ги интересира сега е нуклеарно оружје. Тие мислат само на преживување“, изјави Трамп, додавајќи дека ситуацијата е на работ, но и под контрола… за сега.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape