Научниците се соочуваат со загатка која ѝ пркоси на физиката – чудни сигнали снимени под мразот на Антарктикот, кои доаѓаат од насока што е невозможно според законите на честичната физика.
Станува збор за откритија од експериментот ANITA на НАСА, кои не може да ги потврдат ниту најмоќните опсерватории на планетата.
Дали станува збор за нов вид честички, непознати сили или погрешно интерпретирана реалност – одговорот допрва ќе се бара со нови мисии во екстремните услови на Јужниот Пол.