Арсенал не ја крие заинтересираноста за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот.
Според информациите од „Кадена СЕР“, минималната цена што Реал е подготвен да ја прифати за Родриго изнесува 90 милиони евра. Истовремено, изворите велат дека играчот сака да ги разгледа сите опции, вклучително и можноста да се пресели во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола.
Родриго, кој во последно време е во сенка на Винисиус и Килијан Мбапе, сè почесто започнува натпревари од клупата за резерви. И покрај тоа, тој неколку пати изјави дека сака да остане во Мадрид, но е свесен дека во Арсенал би имал можност да игра на својата омилена позиција – десно крило.