28-годишен маж од Драчево, Скопје, е уапсен и ставен во притвор поради насилство врз својата четиригодишна ќерка. Мајката објави видео на социјалните мрежи каде се гледа како тој ја удира со шлаканици по лицето додека девојчето лежи на креветот. Видеото е користено како доказ во истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО).
Според соопштението од ОЈО, настанот се случил додека мајката приготвувала храна, а детето си играло со сестрите. Осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира, при што детето добило набиеници и огреботини на лицето, а таткото и упатил вербални закани дека ќе ја убие.
ОЈО наведува дека осомничениот подолго време покажувал агресивно однесување во семејството, а поради ризик од повторување на насилството и можноста за бегство, судијата на претходна постапка го одреди притворот.
Истрагата продолжува.
ВИДЕО