ПРВ.мк
Свет

Мислела дека се допишува со Илон Маск, изгубила 26.000 евра во измама

Мислела дека се допишува со Илон Маск, изгубила 26.000 евра во измама
Escape

Постара жена од Бразил била измамена за речиси 26.000 евра откако поверувала дека се допишува со самиот Илон Маск. Лажен профил на американскиот милијардер ја убедил 69-годишната жртва дека е „заљубен“ во неа, по што почнале да разменуваат пораки со месеци.

Жената го дала својот телефонски број за да комуницираат преку Телеграм, а бројот на измамникот го зачувала како „Love Elon“. Лажниот Маск почнал да бара пари, ветувајќи подароци како цвеќиња и накит, кои никогаш не ѝ биле испратени.

Покрај тоа, побарал пари за „гориво за авион“ и други изговори. Во текот на измамата, жената му испратила вкупно околу 26.000 евра на повеќе банкарски сметки отворени на лажни имиња.

Семејството ја открило измамата кога пронашло пораки за планови да се продаде семејната куќа за 86.000 долари за да ѝ се исплатат на измамникот. Лажниот Маск ветил и големи поврати од инвестирање, но полицијата верува дека станува збор за организирана криминална група.

Полицијата предупредува дека оваа измама може да има и други жртви и советува да се внимава на постарите лица кои поминуваат време на интернет и комуницираат со непознати, особено кога се бараат пари.

Mia Home Mavrovo