ПРВ.мк
Македонија

Расправија за старателство заврши со обид за убиство – жена фрлена од прозорец во Пехчево

Расправија за старателство заврши со обид за убиство – жена фрлена од прозорец во Пехчево
Escape

Во страшен инцидент што се случи на 27 јуни околу 15 часот, во просториите на Центарот за социјални работи во Пехчево, расправија меѓу поранешни партнери за старателство над нивната ќерка заврши со насилство. Според информациите од МВР, 27-годишниот В.Т. од Гевгелија физички ја нападнал 23-годишната В.П.Н. од Пехчево, туркајќи ја кон прозорецот – од каде паднала во дворот на институцијата.

Жената добила итна лекарска помош, додека напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по целосното расветлување на случајот.

Mia Home Mavrovo