ПРВ.мк
Балкан

Белград во пламен: Судири со полицијата, солзавец и уапсени среде протестите на Видовден (ВИДЕО)

Белград во пламен: Судири со полицијата, солзавец и уапсени среде протестите на Видовден (ВИДЕО)
Escape

Жестоки судири го потресоа центарот на Белград вечерва на Видовден, откако две протестни групи – едната пред Собранието, другата кај факултетите – беа раздвоени со кордони од жандармеријата. Ситуацијата ескалираше на булеварот Крал Александар, каде маскирани лица со качулки ја нападнаа полицијата, а во воздухот одекнуваа топовски истрели и беа фрлани факели.

Полицијата употреби солзавец, бибер спреј и насилно ги потисна демонстрантите кај улицата Кнез Милош. Двајца млади се уапсени, а дел од насобраните граѓани извикуваа „спуштете ги штитовите“.

Претседателот Александар Вучиќ лично се појави во Паркот Пионир и порача: „Државата е силна и ќе си ја заврши работата.“ Засега нема официјални податоци за повредени, но полициското присуство е зголемено во целиот град.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo