ПРВ.мк
Балкан

Хоас во Белград: Студентите ја прогласија владата за нелегитимна, полицијата одговори со солзавци

Хоас во Белград: Студентите ја прогласија владата за нелегитимна, полицијата одговори со солзавци
Escape

Центарот на Белград вечерва беше сцена на тензични случувања откако студентите го завршија протестот „Студентите во блокада“ во 21 часот. Набргу потоа, дел од демонстрантите започнаа да фрлаат камења, петарди и шишиња кон полицијата, која одговори со силно присуство и распоредување на жандармерија.

До 22 часот беа приведени неколку лица, а булеварите околу парламентот се блокирани со три полициски кордони. Претходно, илјадници студенти и граѓани се собраа на протестот „Се гледаме на Видовден“, со барања за вонредни избори и оставка на Владата.

Студентите од говорницата порачаа: „Ја прогласуваме сегашната влада за нелегитимна“ и најавија дека „народот има зелено светло да ја преземе слободата“. Поддршка добија и од ректорот на Универзитетот во Белград, кој рече дека студентите ја обединиле нацијата во борбата за демократија и правда.

Останува неизвесно дали состојбата ќе се смири или ќе ескалира, откако ултиматумот до Владата истече и демонстрантите повикаа на граѓанска непослушност.

Mia Home Mavrovo