ПРВ.мк
Балкан

Мајстор наплатил 100 евра за 10 минути – одговорот го налути цел Балкан

Мајстор наплатил 100 евра за 10 минути – одговорот го налути цел Балкан
Escape

Случај од Србија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи – водоинсталатер наплатил речиси 100 евра за само 10 минути работа, а неговиот одговор на прашањето „зошто толку скапо?“ ги разбесни многумина: „Го трошам своето време!“

Корисникот што го сподели искуството напиша: „Шест години учев и плачев над книги, а тој наплати 12.000 динари за една сајла.“ Постот веднаш стана вирален, отворајќи дебата за цените и дефицитот на занаетчии.

Едни сметаат дека мајсторите денес ја злоупотребуваат побарувачката, додека други потсетуваат дека со години беа потценети. Во реалност каде добар мајстор е реткост, многумина плаќаат – или сами се снаоѓаат.

Mia Home Mavrovo