Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, откри дека Киев подготвува масовен договор за набавка на десетици илјади дронови за „длабоки удари“ на територијата на Русија. Станува збор за стратегија што има за цел да ги погоди клучните цели длабоко зад руските линии.
Според Умеров, Украина веќе спроведува борбени мисии секојдневно, а до крајот на 2025 година се очекува армијата да располага со над 4 милиони дронови – од кои 1,5 милиони веќе се активни на фронтот.
Паралелно, Русија ја засилува офанзивата со „Шахед“ дронови и ракети, но украинските сили, според министерот, успешно се адаптираат со нови технологии и дронови-пресретнувачи.
„Дроновите веќе заменуваат човечки животи на бојното поле – и тоа е нашата најголема предност“, вели Умеров.