ПРВ.мк
Свет

Русија прекина соработка со Шведска за нуклеарна безбедност – ова се причините

Русија прекина соработка со Шведска за нуклеарна безбедност – ова се причините
Escape

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша официјална наредба со која се раскинува договорот со Шведска за размена на информации за нуклеарни објекти и за навремено известување при евентуални нуклеарни инциденти. Станува збор за договор потпишан уште во 1988 година помеѓу тогашниот Советски Сојуз и Шведска.

Според објавата на рускиот правен информативен портал, Министерството за надворешни работи на Русија доби задача да ја информира шведската влада за прекинот на соработката. Одлуката доаѓа во време на засилени тензии меѓу Русија и западните земји, а се толкува и како реакција на промените во безбедносната политика на Шведска и нејзиното членство во НАТО.

Mia Home Mavrovo