ПРВ.мк
Економија

Пензионерите чекаат одлука: Ќе има ли линеарно зголемување на пензиите?

Пензионерите чекаат одлука: Ќе има ли линеарно зголемување на пензиите?
Escape

Сè уште е неизвесно дали пензиите во септември ќе се зголемат линеарно или според постојната законска методологија. За линеарно покачување потребни се законски измени, а засега Министерството за труд и социјала не најавило таква промена.

Ако се примени важечкиот закон, пензиите ќе пораснат за 6,9%, што значи дека пензионерите со повисоки пензии ќе добијат поголем апсолутен износ од оние со најниски примања.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска појасни дека со ребалансот на буџетот се доделени дополнителни 2,5 милијарди денари за ПИОМ, поради неостварени приходи. Од тие средства, 16 милиони евра се за првиот пензиски столб, а 24 милиони за вториот.

Mia Home Mavrovo