ПРВ.мк
Економија

Пензиите и платите растат – еве колку точно ќе земате од јули!

Пензиите и платите растат – еве колку точно ќе земате од јули!
Escape

Пензионерите и државните службеници ќе добијат значително зголемени примања од следниот месец, откако Владата преку буџетскиот ребаланс обезбеди дополнителни средства. Просечната пензија ќе порасне за 2.130 денари, а некои пензионери ќе добиваат и над 21.000 денари месечно.

Паралелно со ова, и платите во јавниот сектор ќе растат – вработените во МВР, здравството, образованието и општините ќе добијат покачувања до 6.800 денари. Со тоа, просечната плата кај државните службеници ќе се движи меѓу 45.000 и 50.000 денари – највисоко досега.

Промените опфаќаат и зголемени минимални плати, социјални надоместоци и детски додатоци. Министерството тврди дека тоа е резултат на стабилен економски раст, но опозицијата вели дека станува збор за предизборна манипулација.

Mia Home Mavrovo