ПРВ.мк
Свет

Пресврт на фронтот – Русија зазема стратешки пат до Купјанск

Пресврт на фронтот – Русија зазема стратешки пат до Купјанск
Escape

Руската војска направи нов тактички пресврт во источниот дел на Украина, зацврстувајќи ги своите позиции југоисточно од селото Радковка во Харковската област. Според руските воени извори, дел од стратешкиот пат што води од Купјанск до Кондрашевка веќе е под нивна огнена контрола.

Воениот аналитичар Андреј Марочко изјави дека руските трупи напредуваат и го контролираат патот во должина од 1,5 километри, поставувајќи позиции на возвишението меѓу селата Радковка и Голубовка – клучна точка за логистичка надмоќ.

Русија уште во мај тврдела дека ја презела Радковка, а сега нивните сили се приближиле на само 2,5 километри од предградијата на Купјанск, што би можело да претставува сериозна закана за украинската одбрана.

Од украинска страна, во тек се обиди за зајакнување на одбраната и стабилизирање на фронтот во овој критичен дел од Харковската област. Иако Киев сè уште не ги потврдил најновите тврдења, мапата што наводно го покажува руското напредување веќе ги подигна алармите.

Mia Home Mavrovo