Товарниот брод Morning Midas, натоварен со над 2.700 возила, потона во Тихиот Океан три недели по избувнувањето на пожар што го зафати додека пловел од Кина кон Мексико. Бродот, долг околу 180 метри, превезувал електрични, хибридни и конвенционални автомобили, заедно со над 1.800 тони бродско гориво – што претставува потенцијална закана за морскиот екосистем.
Пожарот започнал на 3 јуни од палубата со електрични возила. Иако се изгаснал самостојно по неколку дена, оштетувањата од огнот и лошите временски услови го осудиле бродот на пропаст. Целата екипа од 22 членови била успешно евакуирана, но ниту еден дел од товарот не бил спасен.
Крајбрежната стража сè уште не забележала истекување на гориво, но влечни бродови патролираат на местото на потонувањето, на околу 667 километри од брегот. Истражни постапки се веќе во тек – од страна на Либерија, под чие знаме пловел бродот, и од компанијата Zodiac Maritime.
Иако точната причина за пожарот сè уште не е утврдена, постои сомнеж во литиум-јонските батерии од електричните возила, познати по ризикот од прегревање и тешко гаснење.
Видеото можете да го погледнете тука.













