Маж на 75 години од Охрид почина откако му се слошило веднаш по излегување од полициската станица, каде што претходно имал службен разговор.
Според СВР Охрид, тој бил веднаш пренесен во Медицинскиот центар, но за жал починал во рок од еден час.
Телото е дадено на обдукција, а јавноста очекува одговори – дали станува збор за здравствен проблем или нешто повеќе?