ПРВ.мк
Економија

Шок од ССМ: За само еден месец, храната поскапела за 733 денари!

Шок од ССМ: За само еден месец, храната поскапела за 733 денари!

Според најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија, животот за четиричлено семејство станува сè поскап – минималната синдикална кошница за јуни изнесува 64.698 денари, што е за 790 денари повеќе од мај.

Особено алармантен е растот кај основните потреби – за храна и пијалаци, едно семејство во јуни морало да одвои 23.167 денари, што е зголемување од 733 денари за само еден месец.

Ако се вклучи и изнајмување на просечен стан (60 м²), трошоците скокаат до 80.073 денари месечно.

Од ССМ предупредуваат: од кога завршија владините антикризни мерки, за само два месеца:

  • Вкупната кошница пораснала за 2.007 денари
  • А трошоците само за храна и пијалаци – за 1.678 денари