ПРВ.мк
Економија

Горивата пак поскапуваат – погледнете ги новите цени од вечерва

Горивата пак поскапуваат – погледнете ги новите цени од вечерва

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да се зголемат цените на сите видови горива.

📌 Бензинот „еуросупер-95“ ќе чини 77,50 денари за литар

📌 „еуросупер-98“ се качува на 79,50 денари

📌 Дизелот ќе се продава за 73,00 денари

📌 Маслото за домаќинства поскапува на 72,00 денари

📌 Мазутот достигнува 41,687 денари по килограм

Просечното зголемување на цените е околу 2%, како резултат на растот на цените на нафтените деривати на светскиот пазар. Според РКЕ, бензините пораснале за над 6%, дизелот за повеќе од 2%, а екстра лесното масло за над 6%.