По кратко нарушување на времето, од понеделник не’ очекува вистински летен бран – сончево и стабилно време со постојан пораст на температурите. Според најавите, веќе од четврток дневните температури ќе достигнуваат од 32 до дури 39 степени.
Во меѓувреме, денес и утре ќе биде сончево, но со умерен до засилен северен ветер. Локално се очекува налети над 60 километри на час, особено во петок.
Подгответе се за вистинска жештина и внимавајте при излегување на сонце!