ПРВ.мк
Свет

Трагедија во Одеса: Дрон удри во облакодер – загинаа сопружници, тројца деца повредени

Трагедија во Одеса: Дрон удри во облакодер – загинаа сопружници, тројца деца повредени
Escape

Во најнов руски напад врз украинскиот град Одеса, дрон директно погоди 21-катна станбена зграда, при што животот го загуби брачна двојка, а 14 лица се повредени – меѓу нив и три деца. Нападот предизвика силен пожар на неколку ката, при што дел од станарите останаа заробени во своите домови.

Екипите за спасување успеаја да извлечат пет лица, вклучувајќи и едно мало дете. Телата на загинатите сопружници беа пронајдени под урнатините.

Од почетокот на војната, пристанишниот град Одеса е честа мета на напади, а само во мај и јуни регистрирано е драматично зголемување на ракетни и дрон-напади од страна на Русија.

Mia Home Mavrovo