ПРВ.мк
Балкан

Уште една балканска земја станува воздушна сила – добива уште 18 авиони F-16 од Холандија

Уште една балканска земја станува воздушна сила – добива уште 18 авиони F-16 од Холандија
Escape

Романија станува балканска воздушна сила – добива уште 18 авиони F-16 од Холандија

Романија наскоро ќе ја засили својата воена моќ со дополнителни 18 борбени авиони F-16, кои ќе бидат префрлени од Холандија. Ова беше договорено на НАТО-средбата во Хаг, каде што министрите за одбрана на двете земји постигнаа нов договор за развој на Центарот за обука на пилоти во Романија, кој веќе функционира според највисоки стандарди на Алијансата.

Новите авиони ќе ја зголемат романската флота на вкупно 67 F-16-ки, со кои Романија се вбројува меѓу водечките сили во регионот по воздушна подготвеност. Центарот во кој се обучуваат и украински и НАТО-пилоти ќе стане постојана институција, со помош на компанијата Lockheed Martin и американската поддршка.

Инаку, Романија досега набави авиони од Португалија, САД и Норвешка, кои се веќе распоредени во неколку воздухопловни бази. Новиот пакет авиони треба да биде целосно испорачан до крајот на 2025 година.

Mia Home Mavrovo