ПРВ.мк
Балкан

Смртен случај од опасен вирус во Грција – Конго-кримска треска повторно активна во регионот

Смртен случај од опасен вирус во Грција – Конго-кримска треска повторно активна во регионот
Escape

Во грчката област Лариса, еден постар маж починал од Конго-кримска хеморагична треска – вирусна болест што се пренесува преку крлежи или контакт со заразена крв и телесни течности. Пациентот имал тешка клиничка слика и не успеал да се избори со болеста, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ).

Симптомите можат да се појават до две недели по изложеност и вклучуваат висока температура, главоболка, замор, повраќање и болки во мускулите. Стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти е исклучително висока – дури 30 до 50 проценти. Нема специфичен лек, па се препорачува внимателност, особено кај луѓето што работат или престојуваат во природа и рурални подрачја.

Иако ризикот не е голем, ЕОДИ апелира на лична заштита од крлежи, а високоризични се земјоделците, ловците, градинарите, здравствените работници и сите што имаат контакт со животни.

Случаи од овој вирус се пријавени и кај нас – во минатото се регистрирани заразени лица во Тетово, а годинава веќе има три потврдени случаи од Институтот за јавно здравје. Болеста е присутна во повеќе од 30 земји ширум светот, вклучувајќи делови од Балканот.

Mia Home Mavrovo