ПРВ.мк
Балкан

Важна новина за патувањата кон Грција: По 50 години повторно се отвора граничниот премин

Важна новина за патувањата кон Грција: По 50 години повторно се отвора граничниот премин
Escape

По повеќе од пола век, граничниот премин што ја поврзува Македонија со Грција кај Преспанското Езеро ќе се отвори повторно. Ова значајно враќање на преминот ќе овозможи полесен и побрз пристап кон западниот и северозападниот дел на Грција, вклучувајќи и популарните туристички дестинации како Епир и Флорина.

Преминот беше активен од 1959 до 1967 година, а потоа беше затворен и сообраќајот беше прекинат. Сега, по иницијатива за негово обновување, тој повторно ќе биде отворен, но само за патнички и лесни моторни возила – без товарен сообраќај.

Дополнително, се планира и пешачки премин меѓу селата Брајчино и Агиос Германос, кој ќе го олесни движењето на локалното население и ќе придонесе за развој на еко-туризмот во регионот богат со природни убавини.

На грчка страна ќе се изгради целосно нова инфраструктура, додека во Македонија ќе се реновираат постојните објекти. Работите треба да почнат во 2025 година, а отворањето се очекува во февруари 2028.

Министерот Панче Тошковски истакна дека овој проект ќе ја зајакне поврзаноста и ќе донесе економски и туристички бенефити за жителите од двете страни на границата.

Mia Home Mavrovo