ПРВ.мк
Свет

Русија го презеде златниот рудник на иднината – литиумот на Украина падна во раце на Путин

Русија го презеде златниот рудник на иднината – литиумот на Украина падна во раце на Путин
Escape

Руските сили ја зазедоа контролата врз клучното литиумско наоѓалиште Шевченко во источна Украина, потег што го става под знак прашалник договорот меѓу Киев и Вашингтон за заеднички рударски инвестиции. Лежиштето, богато со сподумен – минерал од кој се прават батерии за електрични возила – беше гледано како шанса за Украина да стане стратешки играч во критичната индустрија на иднината.

Со оваа загуба, се уриваат и надежите на САД дека преку Украина ќе можат да го намалат своето ослонување на Кина во синџирот на снабдување со клучни минерали. Иако договорот сè уште формално стои, експертите предупредуваат дека руското напредување на теренот го прави се’ поневозможен.

Во меѓувреме, Москва не само што не крие интерес, туку веќе и ја најавува експлоатацијата на наоѓалиштето преку државната корпорација Росатом.

Mia Home Mavrovo