Овој викенд, 28 и 29 јуни, Македонија ќе биде под влијание на посвежа и стабилна воздушна маса од север, која ќе донесе сончево и суво време со слаба до умерена облачност. Но, времето нема да биде мирно – не’ очекува многу ветровит период, со засилен до повремено силен северен ветер, кој на одредени локации може да достигне брзини и над 70 километри на час.
И Скопје нема да биде исклучок – жителите на главниот град треба да се подготват за ветровит викенд, иако времето ќе биде сончево и стабилно. Ветерот ќе дува особено силно во делови од котлината.
Температурите ќе се намалат за неколку степени во споредба со претходните денови – дневните максимуми ќе се движат помеѓу 28 и 36 °C, додека во Скопје се очекува околу 35 °C.
Граѓаните се повикуваат на внимателност при движење и планирање активности на отворено, особено во попладневните часови кога се очекуваат најсилните налети.