ПРВ.мк
Свет

Украина тврди: Уништени четири руски бомбардери длабоко во Русија

Украина тврди: Уништени четири руски бомбардери длабоко во Русија
Escape

Украинските сили објавија дека успешно извеле напад длабоко зад руската граница, при што биле погодени четири борбени авиони Су-34 на околу 900 километри од украинската територија. Нападот, според украинската армија, бил насочен кон воздухопловната база Мариновка во Волгоградскиот регион.

Операцијата ја спровела единицата за специјални операции на Украина во координација со СБУ и други воени структури. Покрај авионите, според тврдењата, биле оштетени и технички објекти за сервисирање на воени летала.

Руската страна сè уште не излезе со официјален коментар по обвинувањата.

Во последните неколку месеци, Украина интензивираше операции на долг дострел врз воени и стратешки цели длабоко во Русија. Претходно во јуни, Киев спроведе слична акција наречена „Пајажина“, со која, според тврдењата, биле уништени повеќе бомбардери со долг дострел.

Су-34 е еден од најчесто користените руски авиони за лансирање на водени бомби врз украинска територија, што го прави неговото оштетување стратегиски важна загуба за Москва.

Mia Home Mavrovo