ПРВ.мк
Балкан

Албанија станува партнер во проект на Џаред Кушнер вреден 1,4 милијарди долари

Албанија станува партнер во проект на Џаред Кушнер вреден 1,4 милијарди долари
Escape

Албанската влада се вклучи во туристички мегапроект што го предводи Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, формирајќи државна компанија што ќе управува со дел од процесот. Станува збор за развој на луксузно одморалиште вредно 1,4 милијарди долари, сместено во близина на градот Валона на албанското крајбрежје.

Според информациите на Блумберг, државната фирма – наречена Албанска компанија за развој и недвижности – е регистрирана само неколку дена по посетата на Кушнер и Иванка Трамп на овој регион. Улогата на новоформираниот субјект е да го надгледува државниот имот во рамки на проектот и да ѝ обезбеди на владата право на глас во неговото управување, развој и поделба на приходите.

Овој потег претставува сериозен влог за Албанија во глобалниот туристички пазар и директна соработка со американски капитал и интереси.

Mia Home Mavrovo