ПРВ.мк
Магазин

Сите зборуваат за капчето на Дикаприо – го потсмеваат за стајлингот на свадбата на Безос

Сите зборуваат за капчето на Дикаприо – го потсмеваат за стајлингот на свадбата на Безос
Escape

Леонардо Дикаприо, иако во елегантен црн смокинг, успеа да стане тема на потсмев на социјалните мрежи поради капата што ја носеше на свадбата на милијардерот Џеф Безос на островот Сан Џорџо Маџоре. 50-годишниот актер се појави со капче на „Лос Анџелес Доџерс“, кое речиси му го покри целото лице, очигледно обидувајќи се да остане незабележан – нешто што не му успеа.

На интернет веднаш следуваа саркастични коментари: „Слези на земја, Лео – не сме во 90-тите“, „Изгледа како да крие нешто“, „Да не е ќелав?“ и „Тука не продаваат хот-догови“. Некои го споредија со меми: „Јас кога ја отворам сметката на крајот од месецот“.

Иако Лео се обиде да остане во сенка, социјалните мрежи немаа милост. Но, главниот фокус на денот беше сепак на Безос и Лорен Санчез, кои се венчаа пред бројни ѕвезди.

Mia Home Mavrovo