Џеф Безос и Лорен Санчез приредија раскошна свадбена прослава во Венеција, која се смета за најскапа досега. Но, наместо екстравагантна вечера со скапи специјалитети, гостите добија традиционална италијанска пица.
Во историската црква „Мадона дел Орто“, во срцето на Венеција, во атмосфера полна со светски познати ѕвезди, Безос одлучи да го почести италијанското кулинарско наследство со едноставен, но вкусен избор кој никој не го очекуваше.
Овој гест ја направи свадбата уникатна и запаметлива на свој начин.