Поради планирани технички интервенции, утре, 9 октомври, делови од општините Аеродром и Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.
Во Општина Аеродром, прекин е најавен за корисниците на улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче.
Таму снабдувањето со електрична енергија ќе биде прекинато во периодот од 09:00 до 11:00 часот.
Прекин е најавен и во Општина Кисела Вода.
Без струја ќе бидат корисниците на улицата „Караџица“ во населбата Пржино, во периодот од 10:30 до 15:30 часот.
Прекините се дел од однапред планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.










