ПРВ.мк
Скопје

ВИКЕНД ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Мажи направиле хаос во локал, имале и ножеви!

ВИКЕНД ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Мажи направиле хаос во локал, имале и ножеви!

Интервентната полиција во Скопје имала интервенција во текот на викендот по нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект, при што биле приведени две лица, а кај нив биле пронајдени и одземени два ножа.

Случајот се случил на 3 октомври, околу 22:40 часот. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 39-годишниот М.С. и 32-годишниот Б.Н., двајцата од Скопје.

Според пријавеното во полицијата, пред угостителски објект на подрачјето на Скопје, М.С., Б.Н. и 26-годишниот Х.Д. го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

При полициската интервенција, кај М.С. и Б.Н. биле пронајдени два ножа, кои веднаш биле одземени.

Од полицијата информираат дека случајот ќе биде целосно документиран, по што против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.