ПРВ.мк
Македонија

ТЕМЕЛОТ НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА: 87 години од печатењето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин!

ТЕМЕЛОТ НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА: 87 години од печатењето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин!

87 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Оваа, 2026 година, се одбележуваат 87 години од излегувањето од печат на антологиската стихозбирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин. На денешен ден, 25 ноември 1939 година, во гратчето Самобор во близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, било отпечатено ова капитално дело на македонската современа книжевност.

Збирката содржи вкупно 12 песни (меѓу кои „Денови“, „Печал“, „Селска мака“, како и циклусите „Елегии за тебе“ и „Утрото над нас“), структурирани во пет целини.

„Бели мугри“ е издадена на македонски јазик во тираж од 4.000 примероци, напишана на велешки говор со примеси од западномакедонските говори и со македонска кирилична азбука – цели шест години пред официјалната кодификација на современиот македонски литературен јазик.