ПРВ.мк
Македонија

НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Најавено поскапување на овие продукти!

НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Најавено поскапување на овие продукти!

Нов бран поскапувања ги погодува граѓаните, а во пресрет на новогодишните празници за набавка на основните прехранбени производи ќе биде потребно да се издвојат повеќе пари. Дел од производите веќе имаат повисоки цени во маркетите, а производителите најавуваат дека поскапувањата би можеле да продолжат и во наредниот период.

Најголемо зголемување досега е забележано кај јајцата, чии цени се повисоки од 11,6 до 13 проценти. Брашното поскапело за околу седум проценти, урдата за десет проценти, павлаката до осум, а киселото млеко за шест проценти.

Покачување има и кај свинското и мисиркиното месо, додека специјалните видови леб веќе се продаваат по цени повисоки за пет проценти.

Се очекува дополнителен раст на цените

Производителите на јајца предупредуваат дека поскапувањата може да продолжат до крајот на јануари. Како главни причини ги посочуваат намаленото производство во зимските месеци и зголемената побарувачка за време на празничниот период.

Дополнителни притисоци има и во пекарската индустрија, каде што производителите се соочуваат со повисоки трошоци за енергенси и суровини. Засега не е познато дали и колкаво зголемување може да има кај цената на обичниот леб.

Засилени контроли за попустите во маркетите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, информира дека инспекциските екипи континуирано ги следат набавните цени и трговските маржи. Според неговите информации, маржите се задржуваат речиси на исто ниво како и минатата година.

Во периодот пред празниците ќе бидат засилени и контролите на акциските продажби. Целта е да се спречат практиките со кои потрошувачите би можеле да бидат доведени во заблуда преку лажно прикажани попусти и намалувања.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, од своја страна не ја исклучува можноста за преземање мерки доколку контролите покажат дека има неоправдано зголемување на трговските маржи.