Студено утро ја зафати Македонија, а најниските температури утрово достигнаа минус 10 степени во Делчево и Берово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на утрото времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот се очекува променлива облачност. Кон крајот на денот, како и во текот на ноќта, во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје денот ќе започне со сончево и постудено време, проследено со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до -2 степени, додека дневната максимална ќе достигне до 6 степени.
Метеоролошките прогнози најавуваат и промена на времето во наредните денови. Поради заладувањето што се очекува во текот на викендот, врнежите би можеле да бидат во форма на дожд и снег.
Во четврток се очекува умерен до засилен ветер од североисточен правец, што дополнително ќе влијае на временските услови во земјата.









