ПРВ.мк
Спорт

Барди со моќна порака по четирите порази: „Ќе се вратиме, ова не е крајот“

Барди со моќна порака по четирите порази: „Ќе се вратиме, ова не е крајот“

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, испрати силна порака по четирите порази на стартот од Лигата на нациите.

Преку објава на Инстаграм, Барди порача дека разочарувањето е големо, но дека тимот мора да остане обединет и да најде сила за враќање.

Тој истакна дека репрезентативците дале сè од себе и се бореле до крај, но призна дека во одредени моменти ниту максимумот не бил доволен.

„Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри“, напиша Барди.

Капитенот повика и на самокритика, нагласувајќи дека тимот мора „машки“ да се врати по серијата лоши резултати.

Според него, разочарувањето е болно, но Македонија и претходно покажувала дека умее да се издигне по тешки моменти.

„ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, порача Барди.

Македонската репрезентација во ноември ги продолжува настапите со дуели против Словенија на домашен терен и против Шкотска на гости.

По четирите порази на стартот, следните натпревари ќе бидат нова можност за тимот да ја прекине негативната серија и да ја врати самодовербата.