Во Краматорск, во источниот дел на Украина, 9 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост по серијата руски напади во кои, според локалните власти, загинале најмалку 35 лица.
Началникот на градската воена управа Олександр Гончаренко соопшти дека градот ќе им оддаде почит на жртвите, изразувајќи сочувство до нивните семејства.
Најтешкиот напад бил извршен врз два патнички автобуса во Краматорск.
Според податоците објавени од локалните власти во текот на денот, во ударот загинале најмалку 30 лица, додека уште 20 биле повредени.
Нападот бил извршен во утринските часови, а погодени биле автобуси во кои во тој момент имало патници.
Уште три лица загинале во руски напад врз населбата Биленке, која е дел од Краматорската заедница.
Спасувачките екипи едно од телата го извлекле од урнатините на приватна куќа.
Подоцна истиот ден се случил уште еден смртоносен напад во централниот дел на Краматорск.
Според градските власти, беспилотно летало погодило автомобил во кој се наоѓале две лица. И двајцата загинале.
„35 човечки животи беа прекинати. За 35 семејства овој ден засекогаш ќе остане ден на ненадоместлива загуба“, порача Гончаренко.
Поради трагичните последици од нападите, во петок Краматорск ќе им оддаде почит на загинатите.
Бројот на жртви во текот на денот повеќепати беше ажуриран од украинските служби, па конечниот биланс може дополнително да се промени.








