ПРВ.мк
Црна Хроника

Отишла со друг маж во „стан на ден“, па го повикала сопругот – следувала крвава пресметка

Отишла со друг маж во „стан на ден“, па го повикала сопругот – следувала крвава пресметка

Нови детали се појавија за инцидентот што се случил на 6 октомври во белградската населба Вождовац, каде еден маж бил повреден по конфликт во изнајмен апартман.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, И.С. тој ден се сретнала со Д.Р., со кого се познавала од порано.

Извор за медиумите тврди дека двајцата поминувале време заедно, јаделе и потоа се договориле да заминат во таканаречен „стан на ден“.

Во еден момент, според истите информации, И.С. го повикала својот сопруг М.С.

Тој набргу пристигнал на локацијата каде се наоѓале неговата сопруга и Д.Р.

По неговото доаѓање дошло до конфликт, при што М.С. се здобил со повреди.

Засега не се објавени сите детали за тоа како точно започнала пресметката, ниту кој каква улога имал во инцидентот.

За случајот е известено надлежното обвинителство, кое ѝ наложило на полицијата да ги утврди сите околности и да собере докази за настанот.