ПРВ.мк
Скопје

СКОПЈЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВОГОДИШНА БАЈКА: Елка од 13 метри и декорации вредни околу 73.000 евра!

СКОПЈЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВОГОДИШНА БАЈКА: Елка од 13 метри и декорации вредни околу 73.000 евра!

Скопје ќе блесне во празничен сјај! До 15 декември се очекува украсувањето на главниот град, со новогодишна елка висока 13 метри и светлосни декорации што треба да ја разубават празничната атмосфера.

За новогодишното украсување се предвидени околу 73.000 евра, а централните градски простори треба да добијат празничен изглед и да ги пречекаат граѓаните во пресрет на новогодишните празници.

Дали годинава Скопје ќе блесне во полн сјај и ќе ја врати вистинската новогодишна атмосфера?