Физичка пресметка меѓу тројца скопјани ја нарушила јавната безбедност во обложувалница во скопската општина Аеродром. Инцидентот се случил синоќа, а за време на пресметката биле искршени стаклени шишиња и чаши.
Според информациите од полицискиот билтен, во 21:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу три лица.
Во инцидентот учествувале Б.Н. (44), С.Ј. (55) и А.Г. (41), сите жители на Скопје.
За време на пресметката биле искршени стаклени шишиња и чаши, со што дополнително бил нарушен јавниот ред и мир.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






