ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗАЧ НА ТРОТИНЕТ УДРИ ВО ЖЕНА И ИЗБЕГА: Жената завршила со тешки повреди!

ВОЗАЧ НА ТРОТИНЕТ УДРИ ВО ЖЕНА И ИЗБЕГА: Жената завршила со тешки повреди!

Возач на електричен тротинет удрил во 71-годишна скопјанка, по што го напуштил местото на несреќата, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, завчера попладне, околу 14:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Борис Трајковски“ и „Емил Зола“ во Скопје, електричен тротинет удрил во С.В.К. (71) од Скопје.

По ударот, лицето кое управувало со тротинетот го напуштило местото на настанот, без да остане таму.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди. Тие биле констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде што била прегледана.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на електричниот тротинет, како и за целосно расчистување на случајот.